Директорите на училиштата на состанок со Царовска: И покрај работењето во вонредни околности првото полугодие заврши успешно

 

Директорите на училиштата на состанок со Царовска: И покрај работењето во вонредни околности првото полугодие заврши успешно

 

Министерката  за образование и наука Мила Царовска денес одржа онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

На состанокот, директорите на училиштата истакнаа дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата беше голем, сепак хибридниот модел ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци.