Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Учениците од „ Илија Николовски- Луј“, „Димитар Влахов и „Златан Сремец“ со музичка композиција ја честитаа Новата 2021 година

Учениците од „ Илија Николовски- Луј“, „Димитар Влахов и „Златан Сремец“ со музичка композиција ја честитаа Новата 2021 година

 

Учениците од „ Илија Николовски- Луј“,  „Димитар Влахов и „Златан Сремец“  со музичка композиција ја честитаа Новата 2021 година

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска, со видео обраќање, коешто содржи музичка композиција од учениците од музичкото училиште„ Илија Николовски- Луј, и ученици од  „Димитар Влахов и Златан Сремец“  ја честиташе Новата 2021 година. Оваа композиција којашто ја отсликува креативноста на учениците е доказ дека мора и е неопходно да имаме инклузивно образование коешто нуди еднакви можности на секое дете.

Министерката Царовска во обраќањето вели дека  новогодишните желби се посебни, затоа што тие не инспирираат да станеме подобри.

Посакувам сите заеднички во идната 2021 година да работиме на создавање подобро и поквалитетно образование за секое дете. Сите заеднички да создадеме образование коешто вложува во личниот развој на секој ученик, а со тоа и во развојот на целото општетество. Посакувам 2021 година да стане синоним за реформи во образованието кои означуваат, инклузивност, знаења, мултикултурализам и еднаквост во образованието. Затоа што нашата крајна цел е да едуцираме граѓани кои ги почитуваат и живеат со вистински вредности. На крајот од оваа поразлична година од досега на сите ни е потребна надеж дека идната 2021 ќе биде подобра. Да веруваме силно дека 2021 ни носи промени на подобро. Ви посакувам здравје, радост и просперитет!“, вели Царовска во новогодишното обраќање.

Линк до видео:

https://wetransfer.com/downloads/b70931846a8ed1a3e7f2d58de30cd70020201230151822/410595789c969ed5b3b5da84458423cc20201230151835/a6b727

[ четврток, 31 декември 2020 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar