Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН апелира електронски да се аплицира за студентски стипендии

МОН апелира електронски да се аплицира за студентски стипендии

 

МОН апелира електронски да се аплицира за студентски стипендии

 

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември. Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, апликациите можат да ги достават електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk или пак, хартиено преку архивата на МОН.

 

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е поедноставен и побезбеден, или пак, документите да ги доставуваат по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса - бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје. 

 

Апелот се однесува и на учениците кои го оствариле правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, а кои имаат обврска заклучно со 4.12.2020 година до МОН да достават пополнет договор во три примероци (достапен на следниот линк) и копија од лична трансакциска сметка, да одбегнуваат физичка посета на МОН, односно документите исто така да ги доставуваат по пошта. 

 

За дополнителни информации и поддршка за учениците и студентите, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е contact@mon.gov.mk.   

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar