Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2020/2021 година

Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2020/2021 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19) и член 3 од Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/18) Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија распишува 

Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2020/2021 година

 

Министерството врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност.

 

Со право на поврат на средства се стекнуваат учениците кои ги исполнуваат следниве услови:

1. Да се државјани на Република Северна Македонија,

2. Да се запишани како редовни ученици во четврта година во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност,

3. Да имаат постигнато најмалку многу добар успех во прва, втора и трета година од средното образование,

4. Да имаат оценка одличен пет (5.00) по наставниот предмет по инструментот за кој конкурираат за поврат на средства во прва, втора и трета година од средното образование,

5. Да имаат најмалку една награда од музички натпревар или да имаат одржано јавен настап (самостоен концерт, рецитал, полурецитал, или солистички настап со ансамбл), во тековната или претходните две учебни години и

6. Вкупните месечни примања на родителите - старателите на ученикот, да се помали од четири просечно исплатени нето-плати по вработен за последните три месеци, а утврдени од Државниот завод за статистика.

 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (барање за поврат на средства) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), почнувајќи од 27.10.2020 година. Потребните документи за доставување се следните: 

 

1. Барање за поврат на средства (урнек на Министерството за образование и наука, прилог на Конкурсот) - само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2. Уверение за државјанство;

3. Потврда за редовен ученик запишан во четврта година во државно средно училиште каде се остваруваат планови и програми за музичка уметност;

4. Фотокопија од свидетелствата за претходните учебни години во средното образование; 

5. Изјава за семејната положба на ученикот (урнек на Министерството за образование и наука, прилог на Конкурсот);

6. Изјава за користење на личните податоци на ученикот и неговите родители - старатели, со која се согласуваат Министерството по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка (урнек на Министерството за образование и наука, прилог на Конкурсот);

7. За ученици со разведени родители се доставува доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход; 

8. Потврди за остварена плата на родителите - старатели за последниот месец пред објавување на Конкурсот или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите - старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите - старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата, како и заверена декларација за прием на платата); 

9. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за ученикот и неговите родители – старатели;

10. За пензионираните родители - старатели се доставува документ за висина на пензија – чек;

11. За корисници на социјална помош се доставува последното решение или последниот чек;

12. Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок за двајцата родители - старатели на кандидатот поединечно, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и

13. Награди од музички натпревари и јавни настапи кои се доставуваат како доказ во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Дополнителни информации:

Министерот за образование и наука формира комисија за разгледување на пристигнатите барања од учениците и утврдување на исполнетоста на условите од овој закон, составена од три члена од Министерството, два члена од редот на наставниците во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и два члена од истакнатите стручњаци од областа на музичката уметност во Република Северна Македонија.

 

Подетални информации за условите и критериумите можат да се добијат во Министерството за образование и наука, Антонета Маневска, antoneta.manevska@mon.gov.mk

 

Последниот рок за поднесување на пријавите е 60 дена од објавување на конкурсот.

 

[ вторник, 27 октомври 2020 ] [ 2061 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar