Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик за доделување на финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците при студирањето

Повик за доделување на финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците при студирањето

 

 

Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.

 

Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6000 денари.

 

Аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука. Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).

 

Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк - http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.

 

[ петок, 02 октомври 2020 ] [ 7316 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar