Врз основа член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20, 302/20 и 235/24), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/ запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 140/25), и Решението за распишување Конкурс за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година, бр.19-10585/1 од 28.07.2025 година Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година
Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година ќе додели 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат ученици кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. Да се редовни ученици од I, II, III и IV година во средно образование;
2. Да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите е ученикот да биде редовен ученик во средното образование. Доколку има повеќе кандидати, учениците ќе бидат рангирани според нивниот успех.
II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Ученици кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2025 до 15.10.2025 година.
Потребните документи за доставување се следните:
1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2025/2026 година;
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
3. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
4. Изјава потпишана од родител- старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на веб страната на министерството;
7. Трансакциска сметка на име на ученикот;
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 17.11.2025 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
Учениците кои ќе бидат незадоволни од резултатите од конкурсот имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. За малолетните ученици, жалбата треба да биде доставена преку нивниот законски застапник, во спротивно истата ќе се смета за неуредна.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната 2025/2026 година.