Стратешкиот план на „Хоризонт Европа“ за 2025-2027 година ги утврдува стратешките ориентации за последните години од најголемата програма на ЕУ за истражување и иновации (R&I) досега – „Хоризонт Европа“.
Работната програма за 2025 година е клучен чекор кон постигнување на приоритетите за истражување и иновации наведени во стратешкиот план „Хоризонт Европа“ за 2025-2027 година. Очекувањата од активностите се значителен придонес кон трите сеопфатни, меѓусебно поврзани клучни стратешки ориентации: зелената транзиција, дигиталната транзиција и поотпорна, конкурентна, инклузивна и демократска Европа. Работната програма за 2025 година ги опфаќа повиците во рамките на главните делови на Хоризонт Европа, со исклучок на Европскиот совет за истражување (ERC) и Европскиот совет за иновации (EIC), кои имаат свои, посебни работни програми. Таа воведува јасна промена во ориентацијата кон конкурентност, додека продолжува да ја поддржува научната извонредност и општественото влијание. Овие ориентации се усогласени со главните политички приоритети на ЕУ, како што се утврдени во Политичките насоки на Комисијата за 2024-2029 година и презентирани во Компас за конкурентност за ЕУ, од кои сите бараат значителни придонеси од истражувањето и иновациите за да се исполнат нивните цели.
Хоризонт Европа ги поддржува истражувањата и иновациите (R&I), особено преку работни програми, кои утврдуваат можности за финансирање на истражувачки и иновативни активности.
Програмата Хоризонт Европа е во директна корелација со С3 Стратегијата за паметна специјализација на Р.С Македонија и е од огромна важност.
Сите заинтересирани лица и правни субјекти кои ги исполнуваат стандардите и условите за вклученост или координација на проекти во рамките на Програмата Хоризонт 2025 може да ги посетат следните линкови и да ги проследат условите за вклучување или директно аплицирање како координатори на проекти :
https://new-european-bauhaus.europa.eu/index_en
Контакт лице : Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева
Национален координатор за Хоризонт програма
ksenija.avramcheva@mon.gov.mk