Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: поставени се темелите на образование со кое младите ќе бидат глобално конкурентни, но пред сe успешни во сопствената земја

Јаневска: поставени се темелите на образование со кое младите ќе бидат глобално конкурентни, но пред сe успешни во сопствената земја

 

Јаневска: поставени се темелите на образование со кое младите ќе бидат глобално конкурентни, но пред сe успешни во сопствената земја

 

 

Развојот на образованието тргна од длабок минус. Пред една година функционалноста на системот не беше на минимално, туку на незадоволително ниво. Затоа, најпрво го обединивме трудот на институциите и го насочивме кон стопирање на понатамошен пад на квалитетот и со интензивна активност поставивме темели на модерен образовен систем кој ќе ги насои младите да си ја сакаат државата и народот, да бидат чесни, одговорни и посветени, а со знаењата и вештините конкурентни во глобалниот свет, но пред сè успешни во својата земја.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната трибина во Владата, на која се дискутираше за остварувањата во неколку ресори во изминатата година, вклучително и образованието и науката.

„Се фокусиравме на неколку аспекти во првата година од нашиот мандат. Ја унапредивме законската регулатива заради повеќе права и можности. Изработивме нови наставни програми, но и нови учебници без грешки, со модернизирана содржина и се погриживме за нивна навремена испорака. Приоритет беше и инфраструктрата и ќе издвојам дека само во моментов имаме активни инвестиции од 2 милијарди денари. Грижата за наставниците ја покажавме со реален раст на платите во основното и средното образование за 12,5%, додека во високото за 14%“, рече Јаневска.

 

Осврнувајќи се на науката, Јаневска посочи дека буџетот за овој сегмент е двојно зголемен споредбено со лани и изнесува 680 милиони денари, како и дека веќе се објавени 3 огласи за распределба на пари за иновативни научно – истражувачки проекти на високообразовни и јавни научни установи, МАНУ и компании ориентирани кон иновации, кои ќе помогнат во остварување на целите од Стратегијата за паметна специјализација.

„Резултатите од нашата работа и сега се видливи, но целосна ефективност ќе видиме на среден рок, а тоа би било некаде на крајот на овој прв мандат на актуелната Влада“, рече Јаневска.

Осврнувајќи се на плановите на МОН во следниот период, министерката рече дека продолжува процесот на обнова на наставните програми и учебниците, а вештачката интелигенција како технолошка иновација наскоро ќе влезе во македонските училишта. Ќе продолжи да се заложува за воведување на едносменска настава во училиштата, како и на оптимизација на училишната мрежа, а се работи и на обликување на концептот за реформа гимназиското образование.

„Нова перспектива гледам и за факултетите. Таму планираме воведување на концептот на дуално образование по германски модел, а пионер ќе биде Машинскиот факултет. Ќе ја подобриме и високообразовната инфраструктура, како што јавноста знае, го продолжуваме процесот за изградба на ФИНКИ и ФФК, а етапно се реконструираат и студентските домови“, додаде министерката.

На трибината се обратија и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, како и министерот за локална самоуправа Златко Перински.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar