Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Подкаст серија „Разговори за здравје“ на теми поврзани со менталното здравје кај младите

Подкаст серија „Разговори за здравје“ на теми поврзани со менталното здравје кај младите

 

Светската здравствена организација, како дел од спроведувањето на Глобалната програма на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје на децата и адолесцентите 2020–2030 и како поддршка на Националниот акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба 2025–2030, ја иницираше подготовката на подкаст серијата „Разговори за здравје“.

Епизодите се посветени на актуелни и значајни теми поврзани со менталното здравје кај младите. Може да се гледаат на YouTube каналот на Центарот за семејна медицина:

https://www.youtube.com/channel/UC9r2NoOOUgUy8p8LUtyAKDQ.

Темата на првата епизода е: Значењето на позитивното родителство за менталното здравје кај децата и адолесцентите, а разговорот се води со проф. д-р Марија Ралева,од Експертскиот центар за родителство – Алтернатива.

Во втората епизода, на тема: Училиштето како простор за психолошка поддршка и емоционален развој на децата, во разговорот учествува проф. д-р Ана Фрицханд, од Институтот за психологија на Филозовскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Темата на третата епизода е: Рушење на бариерите – Рана интервенција и поддршка за менталното здравје, а разговорот се води со проф. д-р Насер Дурмиши од Универзитетската Клиника за психијатрија.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar