Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Се продлабочува соработката во високото образование помеѓу земјите од Западен Балкан и Унгарија

Се продлабочува соработката во високото образование помеѓу земјите од Западен Балкан и Унгарија

 

Се продлабочува соработката во високото образование помеѓу земјите од Западен Балкан и Унгарија

 

Унгарското Министерство за култура и иновации организираше конференција посветена на унапредување на соработката со земјите од Западен Балкан во областа на високото образование и иновациите.

Се дискутираше за можностите за вмрежување на високообразовните установи, воведување на студиски програми со двојни дипломи, размена на студенти и наставен кадар, како и организирање на заеднички настани за споделување позитивни искуства и практики.

За време на конференцијата, беше презентиран обновениот систем на високо образование на Унгарија кој се заснова на иновации и истражување и ја забрзува интернационализацијата. Од истиот се очекува да овозможи многу скоро некој од унгарските универзитети да се најде меѓу најдобрите 100 во светот.

Државниот секретар во МОН, Елена Ивановска која ја предводеше македонската делегација, информираше за тековните активности поврзани со унапредување на високообразовниот систем во Македонија, потенцирајќи го формирањето на Националното координативно тело за реформи во високото образование и научно истражувачката дејност, кое како што рече, ја скенира актуелната состојба и ќе помогне во креирањето на политики базирани на факти.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar