Врз основа на член 24-б став (7) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20 и 78/25) и Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на една меѓународна научна олимпијада („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/25), Министерството за образование и наука објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во текот на 2025 година
1. Услови за учество
На Јавниот повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во текот на 2025 година може да поднесат барање здруженија на наставници кои организираат натпревари на учениците од средните училишта кои имаат активна акредитација од страна на Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука за 2025 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), за најмногу шест ученици и најмногу двајца ментори, чиј број зависи од правилата на организаторите на меѓународната научна олимпијада, како и во согласност со расположивите средства во Буџетот на Министерството за образование и наука.
Едно акредитирано здружение може да добие финансиски средства за учество само на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad).
2. Начин, потребна документација и рок на пријавување
Акредитираното здружение на наставници, најдоцна до 31.10.2025 година треба да достави електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог ги доставува и следните документи:
1.Известување за извршен избор на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите
2.Известување за ментори на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите
3.Известување од организаторот на меѓународен натпревар за висината на котизацијата за учество на натпреварот
4.Пресметка за висината на патните трошоци.