На 8 мај 2025 година во Стопанската комора се одржа инфо настан за СОЅТ, на кој присуствуваа претставници на повеќе компании во земјата од нафтената индустрија, машинството, фармацевската индустрија и од секторот за производство на пијалоци.
Преку кратки презентации на проф. д-р Зоран Т. Поповски - потпретседетел на СОЅТ и Александар Тутновски СОЅТ национален координатор, присутните беа запознаени со мисијата и стратешките приоритети на програмата, како и со алатките за вмрежување кои се користат во рамки на СОЅТ акциите.
Беше појаснет и начинот на пријавување за учество во акциите, а информацијата ќе биде проследена и до повеќе други членки на Комората, што ќе помогне во подигнување на нивото на конкуретност и модернизација на повеќе дејности преку ефикасен трансфер на технологии, иновации и нови знаења.
На состанокот присуствуваше и членот на Научниот комитет на СОЅТ од Македонија, проф. д-р Влатко Илиески кој неодамна е избран за заменик претседател на овој комитет.