Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година

Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година

 

Врз основа на член 12 став 1 од Законот за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 21/24 и 14/25) и член 2 од Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот за стипендирање на студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/25), Министерството за образование и наука распишува

 

Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година

 

Заради стимулирање на учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за студиската 2025/2026 година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти запишани студиски програми за изучување на македонскиот јазик во прва година на додипломски студии од прв циклус.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани во прва година на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, студиски програми за изучување на македонскиот јазик и кои ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни студенти;

2. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;

3. да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериуми за доделување на стипендиите се:

1. Успехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образование, со просек од сите четири години од најмалку многу добар;

2. Доколку кандидатот користел стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука, добива дополнителен 1 бод за секоја година од користење на стипендијата.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Аплицирањето е исклучиво електронски. Документи не се доставуваат во хартиена форма до Министерството за образование и наука.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.11.2025 до 15.11.2025 година.

Студентите имаат право да се пријават само за еден вид на стипендија кој се доделува од Министерството за образование и наука.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025/2026 година;

2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија

2. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава

3.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот

4.Фотокопија од индексот ( опционално, доколку студентот поседува,)

5. Свидетелства од сите години од средното образование

6. Договор за стипендија за талентирани ученици склучен со Министерството за образование и наука (доколку имаат).

Министерството по службена должност обезбедува доказ за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е:

- Некомплетна

 

IV. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk

 

V. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за изнесува 6.050,00 денари месечно, за 9 месеци во текот на студиската година.

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе добијат решение за правата и обврските од користењето на стипендијата на профилот преку кој ја поднеле апликацијата за стипендија, во делот „Мои апликации“ на порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar