Министерството за образование и наука Ве информира дека согласно член 24-а став (12 и 13) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20 и 78/25), за освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда. Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да пополни електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог ги доставува и следните документи:
-Потврда за ученикот дека е редовен ученик во средно училиште;
-Потврда за наставникот дека е вработен во средно училиште;
-Диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
-Пофалница за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;
-Трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик, а не на име на родител);
-Трансакциска сметка за наставникот;
-Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот.