Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

 

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

 

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7%  и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал.

 

Оваа реакција на Министерството за образование и наука е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар. Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование.

 

Потсетуваме дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација. Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar