Министерство за образование и наука известува дека УНЕСКО има отворен повик за номинација за Наградата за образование и одржлив развој за 2025 година, финансирана од Владата на Јапонија. Ова награда е воведена од страна на УНЕСКО, во 2014 година, и се доделува за исклителни проекти и програми од областа на образованието за одржлив развој, врз основа на дадени критериуми, и тоа: трансформација, интеграција и иновација.
Право на учество имаат државните институции, меѓународните организации, организации од граѓанскиот и приватниот сектор, медиуми, академии, центри за истражување, образовни установи и други.
Секоја држава - членка има право да поднесе најмногу три номинации.
Наградата се доделува на 3 лауреати и изнесува 50.000 долари по лауреат, по што следува и континуирана соработка со УНЕСКО.
Доставувањето на номинациите се врши преку онлајн платформа, од страна на Националната комисија и Постојаната делегација на Република Северна Македонија при УНЕСКО во Париз, за што е потребно истите да се достават во електронска форма, најдоцна до 02.05.2025 година, на адреса: vesna.kamceva@kultura.gov.mk .
Сите дополнителни информации во врска со номинациите, условите и критериумите, се достапни на следниот линк: https://en.unesco.org/prize-esd.