Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Награди за млади научници во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ за 2025 година

Награди за млади научници во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ за 2025 година

 

Министерство за образование и наука известува дека, во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ се предвидуваат награди за млади научници за 2025 година. Подетални информации за овие награди можат да се добијат на следниот линк: https://en.unesco.org/mab/awards#yong-scientists.

Сите апликации, пред да бидат доставени до Секретаријатот на МАБ програмата, најнапред треба да бидат одобрени од Националниот комитет на МАБ програмата, за кој е надлежно Министерство за животна средина и просторно планирање и кој треба да потврди дека кандидатите ги задоволуваат критериумите за апликација за наградите, додека во државите каде не е формиран овој комитет, селекцијата ја врши Националната комисија за УНЕСКО.

Апликациите за МАБ наградите за 2025 години, треба да бидат доставени до УНЕСКО, најдоцна до 15 мај 2025 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar