Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност:
(Slovak National Mobility Programme).
Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2025/2026 година.
Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk
Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до 30 април 2025 година, до 16:00 часот по централно европско време.
За дополнителни информации може да се обратите директно до:
Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk
S. Lipovská, e-mail: nsp-foreign2@saia.sk
и Ondrej Aradský, e-mail: nsp-foreign@saia.sk,
администратори на програмата.