Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Решение за изменување на Конкурсот за учебници во основно образование заверен со арх. бр.26-126/1 објавен на ден 31.01.2025 година

Решение за изменување на Конкурсот за учебници во основно образование заверен со арх. бр.26-126/1 објавен на ден 31.01.2025 година

 

Врз основа на член 12 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25) Министерството за образование и наука – Педагошка служба, го донесе следното

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за изменување на Конкурсот за учебници во основно образование заверен со арх. бр.26-126/1 објавен на ден 31.01.2025 година

 

 

1. Во Конкурсот за учебници во основно образование заверен под арх. бр. 26-126/1 објавен на ден 31.01.2025 година, во точка 2.1. рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници во деветгодишно основно образование предвиден до 02.04.2025 година се менува и гласи заклучно со 17.04.2025 година.

 

2. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

 

3. Ова Решение стапува на сила со неговото донесување.

 

Правна поука: Против ова Решение може да се поднесе жалба до Државната комисја за одлучување во управна постапка и постапка од работеен однос и инспекциски надзор во втро степен, во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar