Врз основа на член 18 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25) Министерството за образование и наука – Педагошка служба, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
за изменување на ЈАВНИОТ ПОВИК за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование заверен подарх.бр. 26-110/1 објавен на ден 28.01.2025 година
1. Во Јавниот повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование заверен под арх.бр. 26-110/1 објавен на ден 28.01.2025 година, во точка III рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници во деветгодишно основно образование предвиден до 28.03.2025 година се менува и гласи заклучно со 14.04.2025 година.
2. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок, ќе бидат дисквалификувани.
3. Ова Решение стапува на сила со неговото донесување.
Правна пука: Против ова Решение може да се поднесе жалба до Државната комисја за одлучување во управна постапка и постапка од работеен однос и инспекциски надзор во втро степен, во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението.