Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот
-Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за III одделениена деветгодишно основно
образование
Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
За претседател:
-да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет
учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
За член:
-да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет
учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со
нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават
нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
-изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 34 од Законот за учебници во основно и
средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 3/25) а врз основа на член
11 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13,120/13, 29/14, 146/15, 217/15,
30/16 и 21/18),
-потврда за работно искуство издадена од ПИОМ и
-потврда од установата во која е вработен.
Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да
се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр.
54, Скопје
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на
Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 28.03.2025 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.