Врз основа на член 12 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25), Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува
КОНКУРС за учебници во основно образование
1. ОПШТИ УСЛОВИ
Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба
Предмет на Конкурсот за учебници: Прибирање понуди за ракописи за учебници за одобрување и издавање по еден учебник за следните наставни предмети:
- Јазик и култура на Србите (изборен) за III одделение во основно образование
1.1. Право на учество на Конкурсот за учебници имаат издавачите на учебници во Република Северна Македонија кои ќе ја достават потребната документација пропишана во член 13 од Законот за учебници во основно и средно образование(„Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25).
1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен.
1.3. На конкурсот може даучествува издавачна учебник самосоеденракописзаучебникзаеденнаставенпредмет.
1.4. Автор на учебник не може да биде вработен во Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, Педагошка служба, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Државниот просветен инспекторат, Центарот за развој на стручно образование, Државниот испитен центар, Центарот за образование на возрасните и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,претседател, заменик-претседател и член на Националната комисија за учебници за основно и средно образование, како и претседател и член на рецензентската комисија.
1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и наставната програма за соодветното одделение, наставниот предмет и Концепцијата за изработка на учебник.
1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за изработка на учебник.
1.7. Ракописот за учебник се доставува во 5 (пет) примероци во печатена форма и 1 (еден)примероквоелектронскаформа(CD/USB),ликовно и графички разработен и јазично уреден.
1.7.1. Ракописот за учебник не смее да содржи фотографии, илустрации и содржини преземени од трети лица за кои издавачот нема обезбедено авторски права за користење на истите.
1.7.2. Ракописот за учебник не смее да содржи рекламни пораки, огласи или содржини кои промовираат дискриминација по која било основа за дискриминација предвидена во Законот за спречување и заштита од дискриминација.
1.8. Издавачите, ракописите за учебници ги доставуваатна македонскијазик и неговотокирилскописмо, а ракописите за учебниците за предметите Албански јазик (јазик на заедницата) со Албански јазик (изборен предмет) и Јазик и култура на Турците (изборен предмет), Јазик и култура на Србите (изборен), Јазик и култура на Ромите (изборен) ги доставуваат на јазикот и писмото на кои се изведува наставата.
1.9. Правата и обврскитепомеѓуиздавачот и Министерството за образование и наука, меѓусебносеуредуваатсодоговор.
2. РОКОВИ
2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 14.05.2025 година.
3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветното одделение, предмет, Концепцијата за изработка на учебник и Законот за учебници за основно и средно образование.
3.2. КонкурснатадокументацијаможедасепреземевопросториитенаМинистерствотозаобразование и наука - Педагошкаслужба–ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 - Скопје или на следните линкови:
https://mon.gov.mk/content/?id=9963; https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20ucebnici%20mk.pdf https://www.bro.gov.mk/
4. ДОСТАВУВАЊЕ РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ
4.1. Понудите за ракописи за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во писарницата на Министерството за образование и наука - Педагошкаслужба–ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 - Скопје, приземје.
4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено „НЕ ОТВАРАЈ“ и „КОНКУРС ЗА ОДОБРУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ“ насловот на ракописот за учебник, одделението, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 - Скопје
4.3. Издавачите во доставениот пакет на кој пишува „НЕ ОТВАРАЈ“ треба да достават ракопис за учебник во 5 (пет) примероци во печатена форма и 1 (еден)примероквоелектронскаформа(CD/USB),ликовно и графички разработен и јазично уреден и затворен плик на кој исто така пишува „НЕ ОТВАРАЈ“, со следните податоци и документи:
- доказ за регистрирана издавачка дејност од најмалку пет години;
- податоци за телефонски број, електронска адреса и адреса на седиштето;
- точно име и презиме на авторот/ите;
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или копија заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават решение за признавање на странска високообразовна квалификација издадена од Министерството за образование и наука);
- потврда за работен стаж од авторот/ите издадена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија;
- изјава од авторот/ите дека ги исполнуваат условите согласно член 10 од Законот за учебници во основно и средно образование;
- изјава од авторот/ите дека ракописите се проверени од содржински и технички аспект, дека преземените информации се референцирани и дека не се плагијат;
- доколку името и презимето на авторот/ите се разликува од името и презимето наведени во уверението или дипломата за завршено образование се приложува доказ за истоветноста на податоците;
- изјава за јазично уредување на текстот или потврда за положен испит за лектор (оригинал или копија заверена со нотарски печат);
- изјава од издавачот за обезбедени авторски права за илустрациите во ракописот.
5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
5.1. Понудите за ракописи за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние што не се изработени согласно условите од овој Конкурс, ќе бидат одбиени/отфрлени.