Врз основа на член 24-б став (3) и (4) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/199, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/208, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20), Министерството за образование и наука објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата во учебната 2024/2025 година
1. Услови за учество
На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), може да се пријави:
-ученик – државјанин на Република Северна Македонија, запишан во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија,
-наставник - државјанин на Република Северна Македонија, вработен во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија, кој го подготвувал ученикот за олимпијадата,
кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), кој бил одржан во учебната 2024/2025 година.
2. Начин и рок на пријавување
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, треба да достави електронска Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:
-Потврда за редовен ученик во средно училиште во учебната 2024/2025 година;
-Потврда за наставникот дека е вработен во средно училиште;
-Фотокопија од диплома или друг документ како потврда дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), во учебната 2024/2025 година, за ученикот и наставникот;
-Конечна ранг листа со постигнатите резултати од организаторот на меѓународната научна олимпијада;
-Трансакциска сметка на ученикот и наставникот;
-Изјава потпишана од родител/старател за согласност за обработка на личните податоци на ученикот и
-Изјава потпишана од наставникот за согласност за обработка на личните податоци.
Доколку наставникот кој го подготвувал ученикот заради неприсуство на олимпијадата нема диплома или друг документ со кој ќе потврди дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), како доказ се сметаат изјавите од алинеите 6, 7 и 8 од оваа точка.
3. Доделување на награди
Министерството за образование и наука ќе додели поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал.
Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци.
Поднесувањето на електронска пријава за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (Interna-tional Science Olympiad) во средното образование за учебната 2024/2025 година, ја исклучува можноста од истовремено поднесување на електронска пријава за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за
натпреварот од средното образование за учебната 2024/2025 година, доколку двете пријави се однесуваат за освоена иста меѓународна награда.
Исто така, Министерството за образование и наука не доделува парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (In-ternational Science Olympiad), доколку олимпијадата е организирана преку on-line платформа, доколку наградата претставува дел од проект и доколку наградата е освоена како резултат на тимски натпревар.
Појаснување: Ученикот и наставникот кој го подготвувал ученикот за учество на меѓународната научна олимпијада може да добијат парична награда само доколку биде приложена диплома, сертификат или друг документ кој е стекнат врз основа на индивидуалните постигнувања на ученикот.
Ненавремените и некомплетните електронски пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.
Кандидатите доставуваат електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 30.09.2025 година.