Mинистерството за образование и наука со поддршка од Светска банка, спроведува истражување за вработливоста на дипломираните студенти во академската 2022/2023 година на сите државни универзитети, со цел да се согледаат предизвиците со кои се соочуваат при нивното вклучување на пазарот на труд.
Преку истражувањето, студентите ќе можат да споделат информации за нивниот работен статус, односно дали и за колку време по дипломирањето се вработиле, како ги применуваат вештините и знаењата стекнати за време на студиите, нивните цели и планови за напредување во кариерата и слично.
Ставовите на дипломците се од суштинско значење и ќе му помогнат на Министерството за образование и наука при креирањето на идните политики во високото образование, но и на универзитетите, за да ја подобрат релевантноста и квалитетот на студиските програми.