Меѓународниот ден на мајчиниот јазик веќе четврт век е потсетник за витална улога на мајчиниот јазик во развојот и обезбедувањето културна разновидност и меѓукултурен дијалог. Министерството за образование и наука е сојузник во глобалните напори за обезбедување квалитетно образование на мајчин јазик и градење инклузивно општество во кое различностите, вклучително и јазичните, се богатство.
Македонија е единствена држава каде наставата се одвива на 5 јазици - македонски, албански, српски, турски и босански. Поддршката за учење на мајчин јазик е од клучно значење за подобрување на резултатите од учењето, подобро разбирање на содржините и стекнување вештини за критичко размислување.
Министерството за образование и наука и понатаму ќе креира политики за унапредување на меѓуетничките односи во државата преку образованието. Мултиетничка, мултикултурна и мултијазична држава како нашата, може да се гради со почитување на правата на сите граѓани, од една страна, но и со нивно активно учество во градењето заедничка иднина во која заедничките вредности се темел на напредок и развој.
Министерството за образование и наука на сите граѓани им го честита Меѓународниот ден на мајчиниот јазик!