Амбасадата на Република Чешка во Скопје известува дека Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка обезбедува четири стипендии на кандидати од Република Северна Македонија за 2025 година, за учество на летни школи по чешки јазик во рамки на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места), од 5 – 25 јули 2025 година и Брно (2 места),
од 26 јули до 23 август 2025 година.
Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:
- Пополнет формулар за учество на летната школа;
- CV, кратка биографија;
- Диплома за завршено високо образование;
- За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;
- Мотивационо писмо.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Непотполни и ненавремено доставени документи нема да се земат во предвид.
Пријавата, апликацијата за пријавување и потребни информации може да се најдат на:
https://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies-2025
како и на веб страницата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија: www.mon.gov.mk (конкурси).
Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.
Подетални информации како и апликациите можат да се најдата и на веб страницата: http://www.mzv.cz/skopje
Апликацијата заедно со потребните документи во два примероци треба да бидат доставени до: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, најкасно до 05.03.2025 година.
Интервју со кандидатите ќе се одржи на 07.03.2025 година во 10:00 часот во Министерството за образование и наука, 14 кат, канцеларија 1410.