Институтот за педогогија при Филозофскот факултет во Скопје е институција која дава огромен придонес во развојот и во поддршката на модернизацијата на воспитно-образовниот систем во нашата земја. Ова го истакна Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанок со делегација од овој Институт, на којшто покрај досегашната соработка помеѓу двете институции, се разговараше и за идните политики за поддршка и развој на високообразовната и научната дејност.
Министерот Шаќири, беше информиран и поканет и за претстојната Меѓународна научна конференција која ќе се одржи по повод одбележувањето на големиот Јубилеј -75 години од формирањето на Институтот за педагогија, од 16 до 18 мај во Охрид, при што истакна дека со задоволство ќе биде дел од истата на која ќе се дебатира и за актуелни прашања од областа на образованието.
Раководителот на Институтот за педагогија, којашто воедно е и Претседателот на огранизацискиот одбор на Конференцијата, проф. д-р Елизабета Томевска – Илиевска, истакна дека целта на конференцијата е афирмација и промоција на дејноста на Институтот за педагогија, како и создавање можност за соработка со универзитетски професори, образовни експерти, едукатори, практичари и студенти од различни земји.