Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот

Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот

 

Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот

 

 

Министерката за образование и наука денеска оствари работна средба со генералниот директор на Одборот за акредитација на високото образование на Унгарија, Петер Левенте Лакатос кој изрази отвореност за соработка и поддршка на заложбите на македонската Влада за унапредување на квалитетот на националниот високообразовен систем. 

 

„Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација на високото образование кој е основан во 1993 година, но реформиран во поново време, може многу да ни помогне во насока на подигнување на ефикасноста и ефективноста во работењето на нашиот. Благодарна сум на директорот кој сподели повеќе информации за промените што ги направија изминатиот период и го дадоа очекуваниот резултат“, рече Јаневска по средбата.

 Македонската министерка за образование и наука учествува на дводневен Самит на министри за образование, иновации и култура на Западен Балкан и Унгарија, а во текот на денешниот ден го посети и македонскиот лекторат на Универзитетот ЕЛТЕ каде оствари средба со професорот Златко Панзов и со дел од 25те студенти од Унгарија, Украина, Кина и други државни кои одбрале да го изучуваат македонскиот јазик. Се сретна и со македонски студенти кои студираат на унгарските универзитети преку стипендии во рамки на програмата Стипендиум Хунгарикум.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar