Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година

Субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година

 

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.
Како да аплицирате?
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
 
Дополнителни информации:
  • Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на посочениот линк
  • За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
  • Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат.
  • Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.
Важно:
Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни.
Шпаркасе Банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите:
 
 
Ако го знаете или го чувате ПИН кодот, нема потреба од реактивизација.
Напомена:
Поради тоа што месецот февруари започнува во сабота, студентите ќе имаат на располагање само 140 денари на првиот ден од месецот (односно во сабота 01.02.2025 година).

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar