Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Соопштение за автори на учебници

Соопштение за автори на учебници

 

Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите од Конкурсите за издавање на учебници  за I, II, III и IV година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:

 

1. Одржлив развој на туризмот (изборен) за IV година СТРУКА/СЕКТОР: УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Угостителски техничар, Угостителски техничар за рурален туризам, Техничар за настани и анимации и Хотелско туристички техничар

 

2. Машини и алати  за I година  СЕКТОР/СТРУКА: ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО/ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА - Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: шумарски техничар, техничар за мебел и ентериер,техничар за обработка на дрво, техничар за пејзажен дизајн

 

3. Верски туризам (изборен) за IV година СТРУКА/СЕКТОР: УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Угостителски техничар за рурален туризам

 

4. Електроника за II година СТРУКА/СЕКТОР: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИКА Образовни профили/квалификации: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

 

5. Историја на парковска уметност (изборен) за IV година СТРУКА/СЕКТОР: ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Техничар за пејзажен дизајн

 

6. Безбедност и регулирање во патниот сообраќај за III година СТРУКА /СЕКТОР:СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ,ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за патен сообраќај .

 

7. Технологија на храна од животинско потекло за IV година СТРУКА/СЕКТОР: ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА/ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА Образовни профили/квалификации: Прехрамбен техничар

 

8. Форензични испитувања (изборен) за III година СТРУКА/СЕКТОР: ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА/ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА Образовни профили/квалификации: Хемиско лабораториски техничар, Хемиско лабораториски техничар и Техничар за заштита на животната средина.

 

9. Машини и алати за обработка на дрво за II година СТРУКА/СЕКТОР: ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Техничар за обработка.

 

10. Индустриски дизајн (изборен) за III година СТРУКА/СЕКТОР: ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Техничар за мебел и ентериер.

 

11. Гасна техника за IV година СТРУКА/СЕКТОР: МАШИНСКА/МАШИНСТВО Образовни профили/квалификации: Машинско-енергетски техничар.

 

12. Хотелско работење  за II година СТРУКА/СЕКТОР: УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Хотелско туристички техничар

 

Отварањето на шифрите за горенаведените наставни предмети  ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 - 13 кат на 24.01.2025 година (ПЕТОК) со почеток во 10 часот.

 

 

 

 

[ среда, 22 јануари 2025 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar