Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик за јавна дискусија за Концепција за реформи во гимназиското образование

Повик за јавна дискусија за Концепција за реформи во гимназиското образование

 

Повик за јавна дискусија за Концепција за реформи во гимназиското образование

 

 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието информираат дека е изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија.

 

Концепцијата за реформи во гимназиското образование е изготвена со цел да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем. Предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците, со цел тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели.

 

Мислењата и сугестиите на сите чинители на образовниот процес се од исклучителна важност за креирање гимназиско образование кое ќе ги подготви учениците за современите предизвици и ќе обезбеди меѓународно споредливи образовни резултати.

 

Гимназиското образование во Македонија повеќе од две децении не е предмет на суштински реформи, што го доведе до состојба на недоволна усогласеност со современите потреби и меѓународните стандарди. Истражувањата покажуваат дека и наставниците и учениците ја препознаваат потребата од промени, особено во насока на модернизација на наставните програми, можност за избор на предметите, воведување современи методи на учење и оценување, како и унапредување на вештините релевантни за 21. век.

 

Концепцијата е достапна на официјалната веб страница на Бирото за развој на образованието. Вашите коментари може да ги испратите на javnarasprava@bro.gov.mk  најдоцна до 31.1 2025 година. Убедени сме дека заедно можеме да создадеме модерно и квалитетно гимназиско образование во најдобар интерес на идните генерации.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar