Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ програмата - COST

Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ програмата - COST

 

Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ програмата - COST

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одржа работен состанок со проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, национален претставник во COST Committee of Senior Officials (CSO) и Александар Тутновски, COST National Coordinator (CNC).

Во фокус на состанокот беше изборот на проф. д-р Зоран Поповски за потпретседател на COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) и претседател на Извршниот одбор на COST (Executive Board - EB).

 На  219-тиот состанок на COST Committee of Senior Officials  во Мадрид, одржан на 27ми ноември 2024 година, со тајно гласање проф.д-р Зоран Поповски беше избран  за нов потпретседател на COST. Воедно, во наредниот тригодишен период ќе ја извршува и функцијата претседател на COST Executive Board.

https://www.cost.eu/about/who-is-who/#tabs+Name:Executive%20Board

COST е најголемата научна мрежа во светот, која опфаќа над 60.000 научници и иноватори и располага со годишен буџет од околу 100 милиони евра. Со овој избор, проф. д-р Зоран Поповски стана првиот потпретседател во историјата на COST кој доаѓа од земја што не е членка на Европската унија.

Министерката Јаневска го честиташе изборот на проф. д-р Зоран Поповски, истакнувајќи дека неговата улога во високите управувачки структури на COST е од големо значење за поголема вклученост и видливост на научно-истражувачката заедница од Македонија.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar