Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

 

Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

 

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта.

Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar