Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

 

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

 

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје.

„Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот период минатата година. Претпоставувам дека учениците и родителите прават најдобро што можат, односно се организираат за нивните деца да стигнат на училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на Македонија да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот“, изјави Јаневска, додавајќи дека е недозволиво сите напори кои ги прави Министерството за образование и наука, промените за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат спречувани поради неорганизираност на градските власти.

Изрази надеж дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и итно ќе најдат соодветно решение.

Министерката рече дека ги поддржува студентите кои најавија дека ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје, доколку не се реши проблемот со градскиот превоз.

„Студентите се апсолутно во право, имаат право својот револт на каков било соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение за нивниот проблем, јас ги поддржувам“, одговори Јаневска.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar