Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk.
Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).
Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.
Резултатите од конкурсот за доделување на 1500 стипендии за ученици од дуални паралелки и од конкурсот за доделување на 900 стипендии за социјална поддршка на ученици, ќе бидат објавени најдоцна до 2.12.2024 година.