Министерството за образование и наука ги известува сите студенти на додипломски студии за претстојниот натпревар на НАТО дивизијата за јавна дипломатија и Универзитетот „William & Mary University“ за справување со дезинформации “Countering Disinformation Challenge“, кој ќе се одржи виртуелно на ZOOM платформата на 1 ноември 2024 година.
Регистрацијата за настанот е отворена до 25 октомври и се врши на следниот линк: 2024 WMGIC x NATO Countering Disinformation Challenge | Whole of Government Center of Excellence | William & Mary
Дополнително на ова, отворен е и повик за експерти од областа кои би се вклучиле во
натпреварот како ментори или судии.
Сите дополнителни информации можат да се најдат на следниот линк: Judges & Mentors | Whole of Government Center of Excellence | William & Mary (wm.edu)