Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Потпишан договор за европски грант, 50тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи

Потпишан договор за европски грант, 50тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи

 

Потпишан договор за европски грант, 50тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи

 

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпиша договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.

 

Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава.

 

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието.

 

Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar