Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври

 

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври

 

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.

Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

[ вторник, 01 октомври 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar