Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од 1 до 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2024-2025 година и свидетелство од претходната учебна година.
Оваа насока не се однесува на корисниците на стипендии за средношколци Роми во четири категории, за кои дополнително ќе биде објавен Конкурс со донесување на одлуката за бројот и износот на стипендиите за учебната 2024/2025 година.
За било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk