Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Соопштение за автори на учебници

Соопштение за автори на учебници

 

Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсите за издавање на учебници  за I, II, III и IV година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:

1.      Анатомија со технички својства на дрвото за I година ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО/ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили:техничар за мебел и ентериер , техничар за обработка на дрво .

 

2.      Агенциско работење за II година СТРУКА/СЕКТОР:УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Хотелско туристички техничар.

3.      Моторни возила за III година СТРУКА/СЕКТОР:МАШИНСКА/МАШИНСТВО Образовни профили/квалификации: Машински техничар за моторни возила .

4.      Менаџмент на настани за IV година СТРУКА/СЕКТОР:УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Техничар за настани и анимации.

5.      Хотелско работење за IV година СТРУКА/СЕКТОР:УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации: Хотелско туристички техничар.

6.     Органски производи за IV година СТРУКА/СЕКТОР:ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА/ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА Образовни профили/квалификации: Техничар за козметички и хемиски производи.

 

Отварањето на шифрите за горе наведените наставни предмети  ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 01.08.2024 година (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11 часот.

                                                                    

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar