Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје

Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје

 

Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје

 

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со делегација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје предводена од раководителот Олег Солдатов, во чиј фокус беше зајакнување на институционалните капацитети и политики за подигнување на инклузивноста на образовниот систем, особено во опфатот на ранливите категории на граѓани.

 

Двете страни изразија подготвеност за продолжување на веќе отпочнатите проекти насочени кон обезбедување на еднаков пристап до квалитетно образование за учениците од ромската етничка заедница, со оглед на тоа што истите даваат позитивен ефект. 

 

Министерката Јаневска информираше дека во извештаите на Европската Унија, Македонија е посочена како пример за земја која води голема грижа кон ромската популација и можностите за образование, издвојувајќи дека стапката на упис на Роми во средно образование е 94% односно над европскиот просек од 90%, како и стапката на завршување на средно образование која изнесува над 87% за разлика од европската која изнесува 50%.

 

Беше посочено дека со измените на законите за основно и средно образование кои наскоро ќе бидат предмет на јавна дебата, уште повеќе се зајакнува грижата кон учениците од ромската етничка заедница, преку воведување на педагошки помошници во основното и ромски образовни медијатори во средното образование, кои ќе водат грижа за запишување на децата во училиште, спречување на одливот и полесно совладување на наставната материја.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar