Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 110/19 и 121/24), член 24 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ број 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/19, 248/20 и 302/20), Министерството за образование и наука распишува:
Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година
I.1. Во студиската 2024/2025 година во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија ќе се примат редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа:
Реден број |
СТУДЕНТСКИ ДОМ |
МЕСТО |
Број на легла за студенти од I година |
Број на легла за студенти од II, III, IV, V и VI год. и апсолвенти |
ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА |
1 |
ДСД СКОПЈЕ (ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ) |
Скопје |
219 |
997 |
1216 |
2 |
ДСД ПЕЛАГОНИЈА |
Скопје |
199 |
798 |
997 |
3 |
ДСД ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ |
Скопје |
74 |
296 |
370 |
4 |
ДСД КОЧО РАЦИН |
Битола |
77 |
308 |
385 |
5 |
ДСД НИКОЛА КАРЕВ |
Охрид |
48 |
194 |
242 |
6 |
ДСД „ОРДЕ ЧОПЕЛА” |
Прилеп |
266 |
67 |
333 |
7 |
ДСД БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ |
Штип |
47 |
189 |
236 |
8 |
ДСД ТЕТОВО |
Тетово |
58 |
234 |
292 |
9 |
ПСД ХИЛЈАДНИКОВ |
Штип |
12 |
48 |
60 |
10 |
ПСД ЛОГОС |
Штип |
10 |
42 |
52 |
11 |
ПСД УЈИЕ |
Тетово |
24 |
96 |
120 |
|
ВКУПНО: |
|
1034 |
3269 |
4303 |
I.2. Распределбата на вкупниот број на расположливи места во домовите се врши на следниот начин:
а) прва група – 40% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители и
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
б) Во првата група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.
г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Северна Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на оваа точка.
I.3. Од вкупниот број расположливи места во студентските домови, 20% се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.
II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење:
- помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;
- осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и
- над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;
II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.
II.3. Немаат право на прием студентите:
1. кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка,
2. запишани по втор пат како апсолвенти,
3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец,
4. запишани на постдипломски студии.
II.4. На студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.
III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.07.2024 година и трае до 31.07.2024 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.09.2024 година и трае до 17.09.2024 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2024 година.
IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
IV.1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и тоа:
1. Потврда за редовност во текот на студиите;
2. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
3. Заверен образец „УППИ”;
4. Студентите запишани за првпат во I година, потребно е да прикачат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
5. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
6. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе го докажат нивниот статус;
7. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
8. Изјава за идентичност на податоците;
9. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
10. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец Јуни 2024 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисниците на социјална помош да се прикачи последното решение или последен чек, за инвалидитет да се прикачи лекарска белешка, додека за членовите на потесното семејство (браќа/сестри на кандидатот), кои се ученици/студенти, се прикачува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
11. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
- Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
- Извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :
- Некомплетна
IV.2. НАЧИН НА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги прикачуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9.
Горенаведените документи се прикачуваат електронски и тоа почнувајќи од 15.07.2024 година до 31.07.2024 година, додека студентите од I година документите ги прикачуваат почнувајќи од 10.09.2024 година до 17.09.2024 година.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :
- Некомплетна
V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ
V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16). Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
V.2. Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави најдоцна до 06.09.2024 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговорите по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал кандидатот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.
V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен најдоцна до 30.09.2024 година на огласните табели во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите од конкурсот се доставуваат во домот каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.
V.4. Ако бројот на студенти кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2 од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.
V.5. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година.
VI. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список