Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН реконструира две основни училишта во Брвеница

МОН реконструира две основни училишта во Брвеница

 

МОН реконструира две основни училишта во Брвеница

 

Во општина Брвеница започнаа реконструктивни активности во две основни училишта, финансирани од Министерството за образование и наука. Станува збор за основното училиште „Кочо Рацин“, кое целосно ќе се обнови, односно ќе се замени кровот,  фасадата, внатрешните врати и подови. Ова е прва инвестиција откако е изграден објектот во 1958 година и ќе биде заокружена за 6 месеци. Второто училиште е „7ми Март“ кое ќе добие нова фасада, пред 1 септември.

За двете инвестиции кои се дел од годинешниот акциски план за реконструкција на училишта и подобрување на условите за настава во основните и средните училишта, Министерството за образование и наука одвои околу 25 милиони денари.

Сите ученици и наставници заслужуваат современ и модерен образовен процес, кој подразбира не само подобрување на наставните планови и програми кои етапно се заменуваат, туку и подобрување на условите во кои се изведува наставата. А токму со ваквите инвестиции потврдуваме дека подобрувањето на образовната инфраструктура претставува еден од приоритетите на кои Министерството за образование и наука интензивно се посветува.

[ вторник, 18 јуни 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar