Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за студии во Италија за академската 2024-2025 година

Стипендии за студии во Италија за академската 2024-2025 година

 

 

            Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање на стипендии за македонски државјани од страна на италијанската влада за академската  2024-2025 година.

Лицата можат да аплицираат за следните категории на студии во Италија:

 

     -   Напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански

             јазик (3 месеци);

·       Втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски);

·       Студии за високо образование во областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот;

·       Докторски студии;

·       Истражувачки проекти.

 

            Подетални информации околу аплицирањето може да се најдат на веб страната на aмбасадата на Италија: www.ambasada.esteri.it како и на порталот на

италијанската влада наменета за студирање во Италија и за стипендии:

 https://studyinitaly.esteri.it .

 

Апликацијата ( која може да се симне од горенаведениот портал) треба да биде целосно пополнета и испратена online заклучно со 14 јуни 2024 (14:00 часот).

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar