Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик (оглас) ученици/ученички во трета и четврта година од средните училишта од Република Северна Македонија за учество на летeн воен камп за млади 2024 во Црна Гора

Јавен повик (оглас) ученици/ученички во трета и четврта година од средните училишта од Република Северна Македонија за учество на летeн воен камп за млади 2024 во Црна Гора

 

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува јавен повик (оглас) за учество на 5 средношколци од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади (во понатамошниот текст како камп), кој во периодот од 24.06-08.07.2024 година ќе се одржи во Црна Гора. На кампот ќе учествуваат и средношколци од  Црна Гора за што Министерството за одбрана на Црна Гора веќе има објавено јавен повик. Целта на проектот е средношколците да ги тестираат своите вештини како војници, преку активности и дружење развиваат чувство за солидарност и пријателство, се стекнат со знаења за улогата и значењето на Армијата во општеството и на тој начин се зајакне интересот за воената професија.

Програмата предвидува секојдневна обука во разни воени и други вештини: медицинска обука, натпреварување во топографија и оријентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење-рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже. Покрај тоа, за учесниците во кампот се подготвени бројни спортски-рекреативни и културно-забавни активности.

ОПШТИ УСЛОВИ КОЕ КАНДИДАТИТЕ/КАНДИДАТКИТЕ  МОРААТ  ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:

да се државјани на Република Северна Македонија ;

да се здравствено способни;

да не се осудувани или кривично се гонат;

ПОСЕБНИ УСЛОВИ КОИ КОЕ КАНДИДАТИТЕ/КАНДИДАТКИТЕ  МОРААТ  ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:

да се ученици од трета и четврта година од средните училишта во Република Северна  Македонија;

постигнале најмалку многу добар успех во секоја година на средно училиште;

да имаат примерно поведение;

да има препораки од класниот раководител и директорот на средното училиште.

ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА КАНДИДАТИТЕ/КАНДИДАТКИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВАТ:

формулар за апликација;

потврда за македонско државјанство (кандидатите кои имаат лична карта не се должни да доставуваат потврда за државјанство и извод од матична книга на роден;

извод од матичната книга на родени;

потврда од надлежен орган дека не се осудувани;

копии од сведетелствата од сите години на средно образование;

наод од матичниот лекар за отсуство на ментални, инфективни и хронични заболувања, не постар од еден месец;

согласност на родител/старател, со копија од лична карта на родителот/ старателот;

мотивационо писмо;

препорака од класниот раководител и директорот на училиштето;

потврда за награди и и признанија од такмичења.

НАЧИН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Кандидатите кои аплицираат на јавниот повик, документи за аплицирање да ги испратат на адресата - Министерство за образование и наука, ул Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје со наслов "За јавен повик за Летен  воен камп за млади во Црна Гора".

ЗАБЕЛЕШКА:

Учеството во кампот е бесплатно, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија ќе обезбеди рефундација на трошоците за патничко осигурување на Летниот камп за млади и ги покрива трошоците за превоз, додека Министерството за одбрана на Црна Гора обезбедува сместување, исхрана и медицинска помош.

За време на траењето на Летниот воен камп за млади, припадници на Војската на  Црна Гора ќе се грижат за безбедноста на учесниците во кампот. Со учениците од Република Северна Македонија ќе престојува и старешина од Армијата кој ќе биде задолжен за редот, дисциплината и реализација на предвидената програма.

Кампот ќе биде организиран во единиците на Војската на Црна Гора во Даниловград, Колашин,  и Плевља.

Изборот на кандидати ќе го спроведува Комисијата од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Во прилог на повикот се доставуваат формуларот за апликација и формуларот за согласност за родител/старател.

Некомплетните и ненавремените апликации нема да се разгледуваат.

 

ЈАВНИОТ ПОВИК Е ОТВОРЕН 5 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО     

[ понеделник, 22 април 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar