Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр. 04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр. 04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр. 04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр. 04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр. 04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, бр. 04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр. 04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр. 04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр. 04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр. 04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр. 04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр. 04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр. 04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр. 04-15375/1 од 25.12.2019 година, бр. 04-663/1 од 16.01.2020 година, бр. 04-1558/1 од 28.01.2020 година, бр. 04-2121/1 од 05.02.2020 година, бр. 04-2197/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2204/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2729/1 од 14.02.2020 година, бр. 04-5709/2 од 12.06.2020 година, бр.04-5898/1 од 18.06.2020 година, бр.04-8308/1 од 02.09.2020 година, бр.04-11404/1 од 16.10.2020 година, бр.04-12334/1 од 04.11.2020 година бр. 04-1113/1 од 21.01.2021 година, бр. 04-1797/2 од 01.02.2021 година, бр. 04-2606/1 од 11.02.2021 година, бр. 04-2733/1 од 12.02.2021 година, бр.04-5650/1 од 30.03.2021 година, бр.04-6564/1 од 20.04.2021 година, бр.04-7597/2 од 14.05.2021 година, бр.04-9695/1 од 30.06.2021 година, бр.04-9923/1 од 02.07.2021 година, бр.04-12501/1 од 30.08.2021 година, бр.04-16232/1 од 22.11.2021 година,бр.04-16524/1 од 26.11.2021 годинаи бр.04-17319/1 од 14.12.2021 година, бр.04-6232/4 од 28.12.2021 година, бр.04-739/1 од 20.01.2022година, бр.04-1562/1 од 08.02.2022 година,бр.04-2963/1 од 08.03.2022 година, бр.04-3720/1 од 23.03.2022 година, бр. 04-4726/1 од 13.04.2022 година, бр. 04-6370/1 од 01.06.2022 година, бр. 04-7328/1 од 21.06.2022 година, бр. 04-9597/1 од 11.08.2022 година, бр. 04-14939/1 од 12.12.2022 година , бр. 04-2176/1 од 21.02.2023 година, бр.04-5283/1 од 11.05.2023 година, бр. 04-7392/1 од 06.07.2023 година, бр.04-7695/1 од 13.07.2023 година, бр. 04-8125/1 од 27.07.2023 година, бр. 04-12794/1 од 24.11.2023 година бр. 04-13590/1 од 18.12.2023 година, бр. 04-13590/4 од 20.12.2023 година и бр. 04-13590/6 од 21.12.2023 година, Министерството за образование и наука објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2024
за унапредување на административен службеник
во Министерството за образование и наука
Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:
1. Ниво Б2 шифра УПР0101Б02000 Раководител на сектор за меѓународна соработка во Сектор за меѓународна соработка - 1 извршител
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки, образование или наука за јазикот (лингвистика)
најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции на напредно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- положен испит за административно управување
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 44.145,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси coveckiresursi@mon.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
- потвдри за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страницата на Министерството за образование и наука.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.