Амбасадата на Република Австрија во Скопје информира дека Министерството за европски и меѓународни работи на Австрија оваа година по 11 -ти пат ќе ја доделува наградата „Intercultural Achievement Award “(IAA) 2024.
Главниот фокус е промовирање на меѓународни проекти во следниве области: уметност/култура, човекови права, образование за глобално граѓанство, интеграција и родова еднаквост.
Крајниот рок за пријавување е 17 март 2024 година.
Информации за категориите и за условите за пријавување можат да се најдат на следниов линк: www.intercultural-achievement.com.
Дополнителни информации во врска со конкурсот како и формулар за пријавување може да се најдат во прилог на оваа објава.