Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Инвестираме во наука и истражувања, над 23 милиони денари за лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет

Шаќири: Инвестираме во наука и истражувања, над 23 милиони денари за лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет

 

Шаќири: Инвестираме во наука и истражувања, над 23 милиони денари за лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет

 

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес присуствуваше на презентацијата на пет научно-истражувачки проекти што предвидуваат набавка на опрема за лабораториите на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Со над 23 милиони денари Министерството за образование и наука, преку посебен Конкурс, финансиски ја поддржа набавката на опремата и реализацијата на овие проекти. 

 

„Сакам да нагласам дека повеќе високообразовни и научни установи во изминатите две години добија средства за набавка на современа лабораториска опрема, а дел добија и средства за финансирање на научни проекти од посебен јавен интерес и за сето тоа одвоивме над 240 милиони денари. Ова се средства со кои ја поддржуваме работата на научно – истражувачките работници и го стимулираме развојот на науката“, изјави министерот Шаќири.

 

Владата и Министерството за образование и наука по повеќегодишна заборавеност, од 2021 година повторно инвестираат во наука, во истражувања, во лабораториски ресурси, а министерот Шаќири наведе дека тоа е единствен начин Република Северна Македонија да фати приклучок со развиениот свет.

 

„Факт е дека само со висококвалитетни истражувачки капацитети можеме да генерираме нови знаења, да поттикнеме иновации, да развиваме проекти со научно значење, но и со придонес за економскиот раст и развој на државата. Верувам дека новите ресурси на Фармацевтскиот факултет успешно ќе ги користат не само истражувачи од матичниот факултет туку и од целиот Универзитет и дека овие лаборатории ќе произведат следни генерации врвни фармацевти и научници на кои ќе бидеме горди и кои ќе придонесат за просперитет и благосостојба на нашата држава“, додаде министерот за образование и наука.

 

На настанот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова, деканот на Факултетот Зоран Стерјев ги запозна и со другите активности на факултетот.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar