Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година бр.19-11093/1_од 13.10.2023 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици/чките кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија;

2- Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;

3- Да не повторувале година во текот на образованието;

4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;   

5- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.

 

Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:

1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава со тригодишно траење на образованието);

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;

4.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;

5.Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Трансакциска сметка на име на ученикот.

 

Министерството за образование и наука по службен пат ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 15.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar