Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година, а второто пријавување на 27 и 29 јуни 2023 година. Прелиминарните ранг листи се објавија на 22 јуни, односно на 29 јуни 2023 година. Доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година и на 29 и 30 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни и на 01 јули 2023 година.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 007 ученици од кои:
- 11 205 ученик за настава на македонски наставен јазик;
- 4 474 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 322 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во второто пријавување вкупно се пријавија 3 371 ученици од кои:
- 1 824 ученици за настава на македонски наставен јазик;
- 1 418 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 129 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 0 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во двете пријавување вкупно се запишаа 15481 ученици од кои:
- 11325 ученици за настава на македонски наставен јазик;
- 3852 ученици за настава на албански наставен јазик;
- 298 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:
- 4603 ученици во гимназиско образование од кои:
Ø 3175 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 1277 ученици на албански наставен јазик;
Ø 145 ученици на турски наставен јазик и
Ø 6 ученици на српски наставен јазик.
- 10277 ученици во стручно образование од кои:
Ø 7630 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 2 494 ученици на албански наставен јазик;
Ø 153 ученик на турски наставен јазик.
Ø 164 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 23 ученици на албански наставен јазик.
- 414 ученици во спортска гимназија од кои:
Ø 356 ученици на македонски наставен јазик;
Ø 58 ученици на албански наставен јазик.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:
- СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје;
- СУГС Гимназија „Георги Димитров“-Скопје.
Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве струки и училишта:
ГРАДЕЖНО – ГЕОДЕТСКА СТРУКА:
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга, за образовниот профил архитектонски техничар на македонски наставен јазик;
- ОСУТ „Гостивар“-Гостивар за образовниот профил архитектонски техничар/градежен техничар на македонски наставен јазик.
ГРАФИЧКА СТРУКА:
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп, за образовниот профил графички техничар/ графички уредник - дизајнер на македонски наставен јазик.
ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА:
- СУГС „Цветан Димов“-Скопје, за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги на албански наставен јазик;
- СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија за образовниот профил економски техничар/ бизнис администратор на македонски наставен јазик;
- СОУ „Св. Кирил и Методиј“-Охрид за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
- СОУ „Добри Даскалов“-Кавадарци за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик;
- СОУ „Јане Сандански“-Битола за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
- СОУ „Јане Сандански“-Струмица за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
- СОУ „Перо Наков“-Куманово за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
- СУГС „Васил Антевски Дрен“-Скопје за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
- СОЕУ „8 ми Септември“-Тетово за образовниот профил правен техничар на македонски наставен јазик.
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА:
- СОУ „Коле Нехтенин“-Штип за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- ССОУ „Коле Неделковски“-Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- СОТУ „Гостивар“-Гостивар за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;
- СОУ „Илинден“-Илинден за образовните профили електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ѓошо Викентиев“-Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- ОСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид за образовниот профил техничар за индустриска мехатроника на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот техничар за индустриска мехатроника / електротехничар – енергетичар на македонски наставен јазик ;
- СОУ „Богданци“-Богданци за образовниот профил електротехничар-енергетичар /електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- СОУ „Никола Карев“-Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;
- СУГС „Владо Тасевски“-Скопје за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
- СОУ „Јане Сандански“-Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
- ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес, за образовниот профил фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo санитарен техничар на македонски наставен јазик;
- СМОУ „Гостивар“-Гостивар за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;
- СОУ „Ѓорче Петров“-Кавадарци, за образовниот профил фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;
- СОУ „Мирко Милески“-Кичево, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
- ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово, за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик;
- СУГС „Д-р Панче Караѓозов“-Скопје, за образовните профили медицинска сестра, гинеколошко акушерска сестра, забен техничар и фармацевтски техничар на албански наставен јазик и за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик;
- ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“-Битола, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;
- СУГС „Цветан Димов“-Скопје, за образовните профили медицинска сестра и фармацевтски техничар на албански наставен јазик;
- СОУ „Нико Нестор“- Струга за образовниот профил гинеколошко акушерска сестра на македонски наставен јазик;
- СОМУ „Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил медицинска сестра на македонски и на албански наставен јазик .
ЛИЧНИ УСЛУГИ:
- СУГС„Шаип Јусуф“-Скопје, за образовниот профил фризер на македонски наставен јазик ;
- СУГС„Сарај“-Скопје, за образовниот профил фризер на албански наставен јазик;
- СОМУ „Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина на албански наставен јазик.
МАШИНСКА СТРУКА:
- ССОУ „Коле Неделковски“-Велес за образовниот профил машински техничар/ техничар за производно машинство на македонски наставен јазик;
- ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово за образовниот профил техничар за компјутерско управување на македонски наставен јазик;
- АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје за образовниот профил машински техничар за моторни возила на македонски наставен јазик.
УГОСТИТЕЛСКО - ТУРИСТИЧКА СТРУКА:
- СОУ „Коле Неделковски“-Велес, за образовните профили келнер, готвач и слаткар на македонски наставен јазик.
ХЕМИСКО – ТЕХНОЛОШКА СТРУКА:
- СУГС„Марија Кири Склодовска“- Скопје за образовниот профил хемиско лабораториски техничар на албански наставен јазик;
- СОУ„Нико Нестор“-Струга за образовниот профил хемиско лабораториски техничар на албански наставен јазик.
ШУМАРСКО - ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА:
- СУГС„Георги Димитров“-Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер на македонски наставен јазик.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24:00 часот.